625
Руското Министерство за одбрана постави ултиматум до украинските сили кои се уште се борат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето, објави руската новинска агенција Тас.
„Со оглед на катастрофалната ситуација што се разви во металуршката фабрика Азовстал, а исто така водени исклучиво од хуманите принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат сите непријателства и да го положат оружјето до 12 часот на 17 април. Нивниот живот е загарантиран“, се вели во соопштението.
Тие бараат Украинците да кренат бели знамиња.