Русија и се закани на Литванија: Укинете ја забраната за транспорт на стоки кон Калининград

by fokus

Руското Министерство за надворешни работи побара Литванија веднаш да ги укине „отворено непријателските“ ограничувања за железничкиот транспорт на стоки санкционирани од Европската унија до руската енклава Калининград на Балтикот.

Во сендвич меѓу Полска и Литванија, Калининград од Русија се снабдува преку железници и гасоводи кои поминуваат низ Литванија.

Минатата недела Литванија објави дека го забранува транзитот на стоки под санкции на ЕУ од Русија до Калининград.

Забраната се однесува на јаглен, метали, градежни материјали и напредни технологии.

-Доколку транзитот на товар меѓу Калининград и остатокот од Русија преку Литванија не биде целосно обновен во блиска иднина, Русија го задржува правото да преземе акција за заштита на своите национални интереси, се вели во соопштението на руското Министерство.

Поврзани новости