Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков денеска оцени дека Русија и САД сега се во фаза на горлив конфликт.
„Сега сме во фаза на горлив конфликт со САД. Сведоци сме на директно вклучување на таа земја во хибридната војна со Русија на различни начини. Некои форми на оваа војна се едноставно без преседан – тие едноставно не постоеја и не можеа да постојат за време на Студената војна“, изјави Рјабков за радиото „Спутник“, пренесува РАИ Новости.
Посочувајќи дека сега, „за жал, многу се зборува за закана од нуклеарен конфликт“, Рјабков оцени дека САД се однесуваат „апсолутно непромислено“ во многу аспекти, додека Русија постојано нагласува дека не може да има победник во нуклеарната војна и дека истата не смее да се покренува.