Русија го забрани влезот на државјани на Австралија и Нов Зеланд

by Fokus

Русија го забрани влезот на 131 претставник на австралиската воена индустрија, новинари и јавни личности како одговор на санкциите против руски поединци, соопшти Министерството за надворешни работи.

– Како одговор на политички мотивираните санкции на австралиската влада против руски поединци и субјекти, воведени како дел од антируската кампања на „колективниот Запад“, влезот во Русија е на неодредено време забранет за 131 австралиски претставник на воено-индустрискиот комплекс, новинари и јавни личности кои ја кројат антируската агенда во таа земја – се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението се нагласува дека бидејќи Австралија нема намера да отстапи од својот антируски курс и продолжува да воведува нови санкции против Русија, Москва ќе продолжи да работи на ажурирање на списокот со забрани за влез на граѓаните на таа земја.

На листата се и водителот на ABC News Џереми Фернандез и репортерите Лусија Стајн и Ендру Грин, како и репортерката на Sky News Ерин Молан.

Москва го забрани влезот и на девет високи воени функционери на Нов Зеланд.

Поврзани новости