Русија го стави на аукција станот на сопругата на Зеленски во Јалта

by Fokus

Руските власти на Крим го ставија на аукција претходно национализираниот стан на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во Јалта, проценувајќи го на 24,6 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).

Известувањето е објавено на руската веб-страница „ГИС Торги“, пренесува Укринформ, повикувајќи се на руските медиуми.

„Предмет на лицитацијата е имотот лоциран на адреса Крим, Јалта, општина Ливадија, улица Батурина, зграда 44 А, стан 501, со вкупна почетна минимална вредност од 24.642.490 рубљи“, се наведува во соопштението.

Пријавите за наддавање се затвораат на 26 октомври, а самата аукција ќе се одржи на 30 октомври.

Поврзани новости