Русија го рекетираше Лвов, најмалку четворица загинати

by Fokus

Руска ракета погоди станбена зграда во Лвов во западна Украина, при што загинаа најмалку четворица луѓе. Повеќе од 30 луѓе се ранети во еден од најголемите напади на цивилната инфраструктура во градот досега, кажа градоначалникот Андриј Садови.

„Седум луѓе се спасени од погодениот станбен блок, но се стравува дека би можело да ги има уште под урнатините“, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Садови објави фотографии од погодената зграда, која има четири ката.

„Многу станови се оштетени, околу 60, исто како и 50 автомобили. Има уништени покриви и на други згради“, кажа Садови.

Гувернерот на регионот Лвов, Максим Козицки, изјави дека цел на нападот била клучната инфраструктура во градот, без да наведе детали.

Поврзани новости