Русија го проширува списокот „непријателски” држави

by Fokus

Владата на Русија го ажурираше списокот земји кои, како што е наведено, „преземаат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство”. Притоа на листата се додадени Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

Како што е објавено на веб-страницата на руската Влада, списокот не е конечен и може да се прошири, имајќи го предвид продолжувањето на „непријателските активности” на странски држави насочени против руските претставништва во странство.

Регулативата подразбира ограничување на целосна забрана можностите на тие земји да ангажираат соработници од територијата на Русија во амбасадите, конзулатите и претставништвата на државните органи.

Покрај имињата на земјите, на списокот е и бројот физички лица со кои амбасадите на тие земји и нивните конзуларни претставништва можат да склучуваат договори за вработување. Воспоставен е лимит од 34 лица за Грција, 20 за Данска и 16 за Словачка.

Словенија и Хрватска нема да можат да ангажираат соработници во нивните дипломатско-конзуларни претставништва.

Поврзани новости