Русија го потврди нападот на железничката станица во Украина: Убивме 200 војници

by Fokus

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја погодиле железничката станица Чаплино во областа Дњепропетровск во Украина, тврдејќи дека убиле „200 војници“.

Од друга страна, Киев наведува дека загинале најмалку 25 цивили, пренесуваат агенциите. Москва објави дека убила вкупно „200 украински војници“ во нападот на станицата Чаплино во средата, пренесува агенцијата Франс прес.

Ракетата „Искандер“ „директно погоди воен воз на станицата Чаплино во областа Дњепропетровск, при што загинаа 200 резервисти на украинските вооружени сили и беше уништена опремата“, објави руското Министерство за одбрана во соопштението. Киев објави дека 25 цивили биле убиени во рускиот напад, чија цел била станбена зона. Русија негира дека цели биле цивили.

Руското Министерство на дневниот брифинг соопшти дека ракетата „Искандер“ погодила воен воз кој требало да достави оружје до линијата на фронтот во Донбас. Меѓу убиените имало и две деца, изјави заменик-шефот на претседателскиот кабинет Кирило Тимошенко на својот блог на Телеграм. Тој додаде дека 31 лице било повредено.

Информациите не можат да бидат независно проверени, со оглед на тешкотијата да се добијат сигурни информации од војната меѓу Украина и Русија која беснее од 24 февруари.

Поврзани новости