Русија го поддржува Иванов против Договорот со Грција

by fokus

Преспанскиот договор е спротивен на меѓународното право и на македонскиот устав, што во неколку наврати го истакна македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, вклучувајќи и од говорницата на Генералното собрание на ОН, стои во соопштението на Министерството на надворешни работи на Русија во врска со референдумот.

„Нашата принципиелна позиција останува непроменета: долгорочно решение може да биде најдено само од самите земји, без мешање однадвор; тоа мора да биде во рамките на законот и да има широка јавна поддршка“, велат од руското МНР

Од таму доддаваат дека резултатите од преговорите помеѓу Скопје и Атина за преименувањето на Република Македонија треба да се дискутираат во Советот за безбедност на ОН.

„Одѕивот од 36,8% не дозволува да се признае плебесцитот, за тоа се потребни 50% што недвосмислено покажува дека македонските гласачи сакале да ги бојкотираат грубо наметнатите решенија. Две третини од населението во Македонија не го поддржа Преспанскиот договор иако резултатите од гласањето беа веднаш поздравени од ЕУ, НАТО и Вашингтон. Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми“, стои во соопштението.

 

Поврзани новости