454
Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми.
Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија.