381
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија ќе одговори на најавите за засилено воено присуство на НАТО на Арктикот.
– Ова е ѕвецкање со сабји што може да има долгорочни последици. Ескалацијата на воените и политичките активности на НАТО во Арктикот, конкретно во непосредна близина на руската граница со северна Норвешка не помина незабележано, изјава Захарова.
Русија реагира на планираните воени вежби на НАТО во Норвешка во октомври на кои треба да учествуваат 40.000 војници од 30 земји, како и зголемувањето на американското воено присуство во оваа земја од 330 на 770 маринци.