531
Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил погоден од руски проектили неколу секунди пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул.
Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, вели дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени.
Творчи на Инстаграм ги цитираa извештаите за нападот на Тернопил.
– Тернопил е името на нашиот роден град кој беше бомбардиран од Русија додека пеевме на евровизиската сцена за нашите челични срца, нескротливоста и волјата – изјавија по настапот.