2
Девет лица, меѓу кои и едногодишно дете, се повредени во руски напад врз индустриска зона во Харков попладнево. Руските сили погодија цели во областа Немишљански, потврди градоначалникот Игор Терехов.
Терехов првично пријави двајца повредени преку апликацијата Телеграм. До 12:43 часот, бројот на повредени се искачи на девет, вклучувајќи две деца. Обемот на нападот се утврдува на терен.
Нападот врз Харков следеше по ноќните напади во кои, според Командата на украинската воздухопловна армија, руските сили лансираа 140 беспилотни летала.