Русија ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје за Украина

by fokus

Русија ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје за Украина, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон за руската државна телевизија, пренесе новинската агенција Ројтерс.

„Ја истакнавме неприфатливоста на оваа ситуација кога САД фрлаат оружје во Украина и побаравме да престане оваа практика“, рече Анатолиј Антонов во интервју за ТВ каналот „Россија 24“ и додаде дека „е испратена официјална дипломатска нота до Вашингтон во која се изразува загриженоста на Русија“, јави Ројтерс.

Најавата за поголема американска воена помош за Украина се случи за време на првата американска посета на високо ниво на Киев по инвазијата на Русија кон крајот на февруари. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин му кажаа на претседателот на Украина, Володомир Зеленски, и на неговите советници дека САД ќе обезбедат повеќе од 300 милиони американски долари за странско воено финансирање и одобрена продажба на муниција од 165 милиони долари.

Поврзани новости