Русија е подготвена за преговори со Украина, но под нови услови

by Фокус

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во разговор со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, истакнал дека Москва останува подготвена за преговори со Украина.

-Претседателот наведе дека Русија останува подготвена за преговори. Но, ситуацијата се промени, а исто така и условите – посочи Песков.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека Путин му рекол на Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.

Поврзани новости