„Русија е подготвена да размени 630 украински заробеници“ вели Захарова

by Fokus

„Русија сега е подготвена да размени 630 украински воени заробеници и да преземе организациски мерки за подготовка на следната размена, а исто така е заинтересирана за конструктивен дијалог со Украина за ова прашање“ изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.

Таа рече дека Русија има за цел брзо враќање на воените заробеници во нивните домови, пренесоа руските медиуми.

Захарова претходно изјави дека Украина ја користи темата за размена на воени заробеници за да изврши притисок врз Русија.

Портпаролката на руското МНР истакна дека Киев, во рамките на размената, ги брише обичните регрути од списоците за размена, вклучително и оние кои доброволно се предале.

Поврзани новости