279
Рускиот претседател Владимир Путин се понуди Русија да биде посредник во решавањето на палестинско-израелската криза.
На самитот на заедницата на независни држави во Бишкек тој истакна дека е неопходно да се бара мирно решение на конфликтот и дека едноставно нема алтернатива, пренесува „РИА новости“.
Тој повтори дека верува оти ескалацијата на Блискиот Исток е резултат на пропадната американска политика.