Русија е исфрлена од Евровизија 2022!

by fokus

Русија нема да учествува на Евровизија 2022, соопшти организаторот на музичката манифестација.

Европската радиодифузна унија и забрани на Русија да учествува на Евросонг годинава, а соопштението е објавено на официјалната страница на Евровизија.

Како причина поради која Русија се исфрла од настанот е наведена загриженоста дека вклучување на Русија ќе ја доведе конкуренцијата до омаловажување.

-Остануваме посветени на зачувувањето на вредностите на културниот натпревар кој промовира интернационална размена и разбирање, ја спојува публиката, ги слави различностите преку музика и ја обединува Европа на сцената – наведено е во соопштението.

Вики Клинчарова

Поврзани новости