Русија бара Западот да не се меша во случајот Навални

by Фокус

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли повиците на западните земји за ослободување на денеска осудениот опозиционер Алексеј Навални, истакнувајќи оти не треба да се мешаат во внатрешните работи на Русија.

-Не се мешајте во внатрешните работи на една суверена држава. Ви порачуваме секој да се занимава со своите проблеми – истакна портпаролката на руското МНР, Мaрија Захарова.

Таа додаде дека однесувањето на западните дипломати за случајот со Навални е низа испланирани политички сценарија.

Поврзани новости