Русија бара да не се политизираат Олимписките игри

by Fokus

Политиката треба да стои настрана од олимпискиот спорт, порача денеска официјална Москва, ден откако САД објавија дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри закажани за во февруари идната година во Пекинг, поради наводно кршење на човековите права во Кина.

– Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатско или официјално претставништво на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.

Со одлуката не се опфатени американските спортисти.

Поврзани новости