Рушиди: Резултатот на референдумот беше поради Алијансата на Албанците, но ние сме против избори

by Фокус

Резултатот од референдумот во голема мера е поради залагањето на Алијансата за Албанците, која е заинтересирана за избори, но тие нема да бидат излез од актуелната ситуација, рече пратеникот од оваа партија Сурија Рушиди на денешното продолжение на парламентарната седница за уставни прашања.

-Контрадиткорно е да се вели дека го штитиш уставното име на државата, а учествуваш во преговори за решавање на спроот со Грција за влез во ЕУ и НАТО. Ако не поминат уставните измени, ќе има избори. Но, клучното прашање не е кој ќе победи на изборите, туку кој ќе владее – рече тој.

Пратеникот на Алијансата на Албанците, чиј лидер Зијадин Села беше крвнички претепан во парламентот на 27 април, му порача на премиерот Зоран Заев дека да се прости е човечки, но, како што рече, тоа е спротивно на вредностите на институциите каде претендираме да се зачлениме.

Поврзани новости