Медиумската куќа „Њус корп“ на Руперт Мердок отвори нов сервис агрегатор за вести, кој се смета како алтернатива на Гугл и Фејсбук.
– Кињуз.ком (Knewz.com) е креиран со цел добивање вести од широк спектар на извори и сервисот е ослободен од тенденциозните меури и вертикалите без содржина, фрустрација за многу проникливи читатели и умни издавачи, се вели на сајтот на „Кињуз“.
Агрегаторот нуди содржини од повеќе од 400 издавачи на разни изданија и тематики. Варираат прилози од такви големи издавачи како „Вашингтон пост“, се до вести, на пример од весникот „Анкориџ дејли“ или онлајн портали како левичарскиот „Дејли кос“ или конзервативниот „Федералист“.
Во објавата за агрегаторот се вели дека насловите ќе се генерираат како со помош на вештачка интелигенција, така и со помош на уредници-луѓе, со технологија која постојано скенира „илјадници реални новински извори“, кои обезбедуваат „широк спектар на дневни прилози“.