Руни верува дека се уште може на високо ниво да игра во Премиер лигата

by fokus

Напаѓачот на ДиСи Јунајтед, Вејн Руни, смета дека се уште има квалитети да игра на највисоко ниво во Премиер лигата.

33-годишниот Англичанец, кој го помина најсилниот период во кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед, се претстави одлично и во МЛС лигата на САД, постигнувајќи 12 гола, а запиша 7 асистенции, со што му помогна на својот тим да дојде до плеј-офот и беше меѓу финалистите за МВП на американската лига.

– Ако треба да сум искрен, мислам дека уште имам класа да играм во Премиер лигата. Отсекогаш сум бил уверен и имав големи очекувања за себе. Дојдов во САД, верувајќи дека ќе работам добро. Можеби изненадив одредени луѓе кои имаат право на свое мислење, но јас никогаш не сум се сомневал во себе, сподели Руни.

Поврзани новости