Румена Бужаровска: Демначите сега го имаат луксузот на мракот на Стевче

by fokus

И онака нѐ напаѓаат по улици – сега во Карпош демначите го имаат луксузот на комплетниот мрак на Стевче. Прашање на време е кога ќе почнеме да слушаме за напади на девојки и жени.

Ова е реакцијата на писателката Румена Бужаровска на иницијативата на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски по полноќ да се гаси уличното осветлување за да се заштедело.

-Секако, идејата на градоначалникот меѓу другото е и дека нема што да бараме надвор после полноќ. Тоа е културата на морализаторскиот неандерталец.

Фала ти Стевче што пак морам да се шетам со импровизирани оружја во џеб.

И фала им на сите од мојата улица што го гласаа, напиша Бужаровска на Фејсбук.

Поврзани новости