Рудик: Ако Украина падне следна е Полска, затоа кој е планот на НАТО?

by Fokus

Имаме потврда за воена опрема, но ако тоа не се случи следна е Полска. Ние одговараме на нападот на Владимир Путин, но што ако Укарина падне? Затоа на НАТО му упатувам прашање, како ќе одговорите на војната во Централна Европа, дали ќе гледате како нови 3 милиони бегалци ќе се создадат, НАТО треба да каже кој е нивниот план, запраша на заедничка пресконференција, Кира Рудик, пратеничка во украинската РАДА и претседател на либералната украинска партија Голос (Глас) со лидерот на ЛДП Горан Милевски кои побараа заштита на украинското небо.

-Се наоѓам ви Киев на 18-от ден од војната, ќе ве потсетам како беше првиот ден на воената инвазија од Кремљ, кога никој не веруваше дека Украина ќе биде доволно силна да издржи 24 или 48 часа  и да ги издржи нападите на најголемата армија во светот, но денеска 18 ден ниту еден од големите градови на Украина не е паднат и се бориме со сите сили.Се бориме и од земја и од воздух, на земја путиновата војска не може да успее бидејќи се соочува со нашата сила, а воздушниот напад им е поуспешен бидејќи  сме ограничени, и токму затоа постојано бараме да се заштити украинското небо и да се забранат секакви прелети на воздушни летала, порача Рудик.

Таа појасни дека при копнената инвазија Путин мислел дека ќе се соочи само со украинската војска, но тие всушност се соочиле со секој Украинец кој ја штити земјата, така што нападите всушност прераснаа во национална војна, додека пак од воздух Русија засега ги напаѓа големите градови како Киев и Мариупол како и градот Лавов близу полската граница.

-Сите се плашат од нуклеарен напад, повеќемина очекуваат дека Путин ќе притисне црвено копче, но тоа не е негова цел ниту стратегија, ние всушност се плашиме дека тој планира да ги уништи нуклеарните централи како Запорошжје и Чернобил, каде може да дојде до нуклеарна хаварија.Сите треба да разберат дека ова не е војна меѓу Русија и Украина ова е глобална војна која веќе е почната. Гледаме дека има опасност за целата планета од нуклеарни последици, санкциите веќе ја афектираа глобалната економија, веќе има повеќе од два милиони бегалци, овој конфликт не е локален носи глобални ризици, затоа бараме да се спречи оваа војна да се спречи хуманитарна катастрофа за целотото човештво, додава Рудик.

Затоа, вели Рудик е важно оваа војна да не биде долготрајна, потребна е помош Путин да престане да ги напаѓа градовите од воздух.

– Дури и во моментот нападот трае во околината на Киев, а веќе видовме како завршија опсадите на Мариупол, каде луѓето топеа снег за да добијат вода за пиење, немаат вода и храна. Од првиот ден со моите колеги се вооруживме и станавме членови на отпорот за да се бориме против нападот на својата териоторија. Се подговтуваме за опсада, правиме залихи на храна и вода, ние ќе издржиме и тоа не нашата цел, само сакаме успешна евакуцаија на бегалците, затоа организираме мировни договори, но руските сили пукаат директно во нападите на ваквите конвои. Путин не сака мир, тој сака да ги завладе Полска, Литванија преку закани, а тоа е неговиот план,а единствена армија која му застана на патот е Украинската армија, порачува таа.

Рудик вели дека тие се благодарни на целата помош што ја добииле досега од сојузниците и од другите држави, но она што им треба во моментот е зона за забранети летови за да претане бомбардирањето на украинските градови и заштита на бегалците.

– Ако можете да се придружите во нашата борба, добредојдени сте, 16.000 војници веќе дојдоа, престанете со економската размена со Русија и секако потребна ни е и финасиска помош за да ја продолжиме борбата. На истокот веќе има хуманитрна катастрофа, Мариупол, Харков, а такви можености има да се случуваат и во други делови на Украина. Сеуште не можам да прифатам дека ова е вистина, се обидуваме да најдеме место во оваа нова реалност, наоѓаме решенија, она што го правам е да бидам активна и да ги смирам бегалците, одам на жел станица и се обидувам да влеам надеж, да работам на поддршка, а секое утро имаме интензивна воена обука и можете да замислите како е да си уморен и физички и психички, но тоа е начин што не става во движење во текот на денот, вели таа.

ЛДП и Голос се полноправни членки на АЛДЕ, во која неодамна е примена по итна постапка и партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Зеленски.

С.Т.

 

Поврзани новости