Рудари успеале да преживеат 60 часа под земја без храна и вода

by fokus

Тројца рудари во Авганистан биле спасени 60 часа откако биле затрупани под земја по лизгање на земјиште во рудник за злато во североисточната авганистанска провинција Бадахсан.

Тие на своја рака ископале тунел за да стигнат до златото, но земјата се излизгала по што тие останале заробени во тунелот без храна и вода.

По 60 часа биле извлечени со помош на локалното населние и спасувачките екипи и веднаш со хеликопер биле пренесени  во болница во главниот град.

Во овој дел на Авганистан  има рудници за злато кои локалното население незаконски ги експлоатира за своја заработка.

 

Поврзани новости