Рубио: Мирот во Украина е клучен за отворање економски можности со Русија

by Fokus

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучен за отворање економски можности со Русија.

По разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина во Ријад, тој рече дека дел од фокусот е да се осигура дека дипломатските претставништва можат да функционираат и да водат дипломатски односи во живо и дека друг елемент на состанокот е да се спроведат мировни преговори за Украина, кои, според него, ќе вклучуваат „ангажман и консултации“ со Украина и „партнерите во Европа“.

Како трета тема, Рубио го истакна создавањето на извонредна можност, доколку овој конфликт дојде до прифатлив крај, а тоа е да се здружат силите со Русите геополитички, за прашања од заеднички интерес и економски, пренесува Гардијан.

-Се надеваме дека дипломатскиот дел ќе напредува прилично брзо, бидејќи вклучува ангажман на нашите мисии, рече Рубио на прес-конференцијата на американската делегација.

Поврзани новости