На анти-НАТО протестите пред Собранието, додека треше обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јоханес Столтенберг, демонстранти запалија знаме на алијансата. Потоа тие со извици на негодувње и свирежи ги испратија службените возила на премиерот, Зоран Заев и на високата делегација од НАТО.
На протест пред Собранието излегоа две групи кои протестираа од различни причини. Преку политичката партија Левица беа организирани демонстранти со цел да искажат незадоволство од интеграцијата на Македонија во НАТО. На нивните транспаренти пишување „Против војна за профити“.
Останатите демонстранти протестираа против промена на името, против Законот за јазици и против договорот со Бугарија. Меѓу нив беа поранешната пратеничка Солза Грчева и Фили Петровски.
Фото: Телма