Груевски остана без пратеничка плата, Џафери гласаше воздржано

by fokus

Вкупно 53 пратеници гласаа за нов член во Законот за плати на пратениците со кој се предвидува пратеник да го изгуби правото на надомест доколку е осуден на казна затвор поголема од 6 месеци. Ниту еден пратеник не беше против оваа измена на Законот. Со оваа одлука Никола Груевски останува без пратеничката плата, како осуден во случајот „Тенк“.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано.

-Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но должен сум да ги почитувам процедурите на Собранието – рече Џафери.

Законската измена гласи:

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“.

Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.

Поврзани новости