Притворената екс специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника „Жан Митрев“. Нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска, потврди за „Фокус“ дека на Јанева и е одобрено барањето да се јави денеска на кардиолошко-интернистички преглед во клиниката. Како што вели Фрчкоска, Јанева е во многу лоша здравствена состојба.
-Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата – вели Фрчкоска.
Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно од таму добиваше третман и терапија за нејзината состојба.
Адвокатите на Јанева претходно побараа мерката притвор да и биде заменета со мерка куќен притвор, но судот не го прифати ова барање.
М.В.