482
Само шестмина од 11 осудени во предметот „Сопот“ ќе добијат оштета од државата и тоа 5.500 денари за секој ден поминат во притвор и во затвор. Останатите петмина нема да бидат обесштетени, вели адвокатот Насер Рауфи.
Четворица од нив беа во бегство, додека, пак, единаесетиот, Самет Лимани, почина во 2013 година.
Адвокатот, Насер Рауфи, кој им беше правен застапник на овие петмина, определен по службена должност, вели дека отштета не им следува затоа што не биле на издржување на затворска казна.
Медиумите претходно соопштија дека двајца од нив, Муса Клаиќи и Африм Укшини, се вратиле во државата откако МВР ја повлече потерницата по нив. Тие се бараа околу 15 години со меѓународна потерница.