РСС: Лажните вести и нелегалната миграција безбедносни ризици во Југоисточна Европа

by fokus

Лажните вести во огромна мерка придонесуваат за говорот на омразата и долеваат масло во огинот на национализмот и насилниот екстремизам, а голем предизвик е и нелегалната миграција – беше порачано на денешната безбедносна конференција во Трст, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Конференцијата наречена „Регионален одговор на безбедносните предизвици во Југоисточна Европа“, организаторите презентираа податоци според кои лажните вести придонесуваат за радикализација на младите во регионот, бидејќи повеќе од 22 отсто од младите на возраст помеѓу 17 и 24 отсто не се школуваат, ниту на кој било друг начин се оспособуваат или усовршуваат, но затоа, дури 90 отсто од нив го минуваат времето на интернет. Благодарение на тоа говорот на омраза поттикнат од лажните вести доминира пред се на социјалните мрежи.

Во врска со нелегалната миграција, од РСС порачаа дека е потребен регионален пристап за решавање на проблемот и дека токму затоа силно е поддржана и се работи на безбедносната компонента од Берлинскиот процес, т.е. се работи на засилување и зацврстување на соработката и на партнерствата во ЈИЕ.

Конференцијата организирана од РСС со помош и на италијанското Министерство за внатрешни работи учествуваа претставници на безбедносни агенциии или други институции од 13 земји од ЈИЕ, а на учесниците со вооведно обраќање им се обрати и министерот за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на РСМ Роберт Поповски.

 

Поврзани новости