Со две пушки калашников и пиштол биле убиени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро

by fokus

Со две пушки калашников и еден пиштол биле усмрттени четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро, на 12 април 2012 година. Ова било утврдена со вештачењето на Крим техника во МВР,  а денеска на судското рочиште за “Монструм”, го појасни крим техничарот Неџат Скулиќ.

Како што рече сведокот во телата на момчињата завршиле 21 куршум, од кои 13 чаури биле испукани од две пушки калашников, а 8 чаури од пиштол долга деветка.

На местото на злосторството биле пронајдени и 8 испукани проектили. Сепак оружјето со кое беа убиени децата и рибарот никогаш не беше пронајдено.

Вештакот исто така напомена дека една од пеестината чаури кои биле испукани кај една фарма во Белимбегово во 2009 година се поврзува со испукана чаура кај Смиљковското Езеро. За инцидентот кај Белимбегово на шестгодишна казна затвор е осуден Фејзи Азири обвинет и во случајот “Монструм”.

В.В.

Поврзани новости