Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов.
Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа РСБСП упатува апел:
- ако пиеш – не вози, ако возиш – немој да пиеш,
- ако пиеш – користи такси превоз или јавен превоз,
- за тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните правила и прописи,
- вози внимателно и грижи се за сите учесници во сообраќајот,
- сподели среќа и радост со најблиските и
- вози со СРЦЕ!
РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита празникот на љубовта и виното и им советува доколку за време на празнувањето одлучат да управуваат со моторно возило, да бидат особено внимателни и да возат совесно. Честит Св. Валентин и Св. Трифун! Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата. Споделете љубов и покажете одговорно однесување! Возете безбедно!