524
Хрватската поп пејачка Јелена Розга (46) на 15-ти јануари (понеделник) доаѓа во Скопје и ќе има прес-конференција по повод најавениот солистички концерт кој ќе се одржи на 10-ти февруари во Арена „Борис Трајковски“.
Прес-конференцијата ќе се одржи во познат хотел, каде ќе бидат откриени деталите за концертот кој е дел од нејзината турнеја „Минут срца мог“.
Концертот беше најавен уште минатата година, како спектакл со врвна аудио-визуелна продукција.
Влезниците се пуштени во продажа по цени од 1.000 до 2.200 денари за ВИП седишта.
Инаку, пејачката стана популарна во регионот како вокалистка на групата „Магазин“ од која беше дел од 1996 до 2005 година. Потоа започна соло кариера која и денес трае.
Вики Клинчарова