333
Социјализиран и во нормална состојба, ротвајлерот кој искаса осум лица не е повеќе опасен, тврди тренерот-дресер на кучиња, Ристе Гиовски.
Кучето што пред неколку месеци сееше страв во Аеродром, каде искаса пет деца, а потоа и уште три лица во Гази Баба, сега е сместен во апартманот за кучиња „Гиовски“ кај велешко Војница. Ова е привремен дом за кучето, пред да биде испратено во Италија.
-Кучето за кратко време треба да оди за Италија, иако правевме напори да се вдоми во Македонија, но не успеавме да го вдомиме тука. Договорено е уште претходно да оди во Италија, но не знаеме дали ќе биде сместено во пансион или ќе биде вдомено. Сигурно може да потврдиме дека ќе оди во Италија – рече Гиовски.