774
Германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот по состанокот на Советот на министри на ЕУ изјави дека сега не е време за одржување на првата меѓувладина конференција, бидејќи Македонија и Бугарија имаат билатерален спор.
-Доколку имате билатерални конфликти кои не можат да се разрешат во наредните неколку недели, сега не е време за почеток на првата меѓу владина конференција. Сакаме да испратиме вистински сигнал кон Западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори, рече Рот.