711
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ, твитна Михаел Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година.