Рот го разбира разочарувањето на народот од Македонија

by Fokus

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг, Михаел Рот во гостувањето во ТВ 21 истакна дека ја разбира разочараноста на македонските граѓани поради евроинтеграциите и додаде дека ЕУ сега мора да испорача.

„Можам да го разберам разочарувањето на луѓето, но не смееме да се поведеме од оваа разочараност, оваа фрустрација, лутина, бидејќи едно нешто останува непроменето. Европската Унија е заедница на културна и јазична разноликост. И ниедна земја-членка на ЕУ не може да го порекнува тоа. Оваа почит им ја должиме и на Македонците и Македонките“, истакна Рот.

Поврзани новости