Рот: ЕУ мора го исполни ветувањето за стабилност и помирување на Западен Балкан

by Фокус

Ние го поддржуваме почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, изјави државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, пред денешниот состанок на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

– Оваа наша позиција е врз основа на гласањето на германскиот Бундестаг. Европската унија презеде обврски за мир, стабилност, демократија и помирување на Западен Балкан, а тоа значи дека мора да си ги исполнува своите ветувања – истакна Рот.

Поврзани новости