Росоман ќе го зголемува наталитетот: Родете дете – ќе ви дадеме по 3.000 денари!

by fokus

Општина Росоман исплаќа по 3.000 денари за секое новороденче со цел да се зголеми наталитетот. Советниците на советот на општината ја донеле одлуката, која што стапила за сила од први јануари годинава, а пред тоа за новороденчињата се исплаќале по 1.500 денари.

„Мотивот за оваа мерка беше да се зголеми наталитетот во Росоман и помалите села во општината. Само во Росоман има околу 2.850 жители, а во цела општина има 4.200 жители. Немам прецизни бројки, но мислам дека годишно овде се раѓаат околу 30 бебиња. Се надеваме дека со ваучерите од 3.000 денари за новороденче оваа бројка ќе порасне. Бидејќи надоместокот се исплаќа од неодмна, сеуште не знаеме какви ќе бидат резултатите и колку нови бебиња ќе имаме во општината во блиска иднина,, – изјави градоначалникот Стојанче Лазов.

Сепак, и покрај тоа што се работи за општина со околу 4.200 жители, градоначалникот ни потврди дека во Росоман нема гинеколог. Жените се принудени да патуваат во Кавадарци, кај најблискиот гинеколог, а исто така и за раѓање имаат можност да одберат помеѓу Кавадарци, Велес или пак евентуално во Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости