Со 136 гласа „за“ и 94 воздржани, без ниту еден глас против – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент.
Втор номиниран за претседател на Собранието беше Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 беа воздржани.
Росен Желјазков е роден на 5 април 1968 година во Софија.
Тој на 5 декември 2014 година беше назначен за советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада.
На 20 септември 2018 година беше избран од Парламентот како министер за транспорт, информатичка технологија и врски и оваа функција ја извршуваше до 12 мај 2021 година. Беше пратеник во Парламентот 2021–2022.
Во октомври 2022 година, тој беше номиниран од коалицијата ГЕРБ-СДС за претседател на 48-то Народно собрание, но не беше избран бидејќи „Продолжуваме со промената“ не го поддржаа неговиот избор.