537
Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, веднаш по завршувањето на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Мароко (0:1), отиде кон соблекувалните. Објективот на камерата фати снимка како 37-годишниот Португалец не можеше да ги задржи солзите.
Роналдо веднаш по последниот судиски свиреж го напушти теренот, без воопшто да се приближи до трибините со навивачите и без да ги чека соиграчите.
Напаѓачот го започна овој натпревар на клупата за резерви, а на теренот се појави дури во вториот дел.
Роналдо го повтори рекордот на Бадер ал Мутава од Кувајт по број на натпревари за репрезентации