На последниот пријателски натпревар на португалската репрезентација пред почетокот на Европското фудбалско првенство, Кристијано Роналдо постигна два гола и покажа дека на европската изложба на најдобрите репрезентации оди во страшна форма.
Португалија на крајот победи со 3:0 против Ирска, а Роналдо ги постигна вториот и третиот гол.
Жоао Феликс го отвори натпреварот во 18. минута. Тој го искористи додавањето на Бруно Фернандеш и погоди за 1:0, што беше и резултат на првото полувреме.
Пет минути од второто полувреме на сцена стапи Роналдо. Тој доби долг пас од средината на теренот на работ од шеснаесетникот и со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол.
Само десет минути подоцна Португалецот повторно постигна гол. Овојпат најмногу работа заврши Диого Жота, кој долго се бореше за посед лево, нафрли ниско за Роналдо, кој ја додаде топката во мрежата.
Португалија сега ја чека првиот натпревар на ЕУРО 2024. Во првото коло од групната фаза ќе игра против Чешка, а со нив во групата Ф се Турција и Грузија.