Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола како тренер

by Fokus

Познатиот фудбалер од Бразил – Роналдо, сака да стане прв човек на Фудбалската федерација во оваа јужноамериканска земја. Планира да се повлече од фудбалскиот клупски бизнис и да се посвети на други предизвици.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез наскоро би можел да се повлече од таа функција, а медиумите одамна почнаа да шпекулираат за можни наследници.

Како што објави шпански „Спорт“, Роналдо има големи шанси да го заземе неговото место.

Легендарниот напаѓач на Барса, Реал, Милан и Интер, како и на бразилската репрезентација ќе биде кандидат на изборите кои ќе се одржат во 2025 година, една година пред предвиденото бидејќи 70-годишниот Родригез планира да се пензионира.

Споменатиот весник пишува дека Роналдо има план да го доведе својот пријател Пеп Гвардиола на местото селектор на бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на мандатот на Пеп во Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.

Роналдо уште во 2012 година најави дека еден ден би сакал да биде претседател на Бразилскиот фудбалски сојуз, а по поразот од Хрватска на Светското првенство во Катар истакна дека е на услуга на бразилскиот фудбал.

Поврзани новости