Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
Во блескавата кариера петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои со клубот, а со португалската репрезентација беше европски првак. Ја проби границата од 900 постигнати голови.
Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјални натпревари. Тоа е една цел.
Вториот сон е оној кој Леброн Џејмс го имаше оваа година, а тоа е играњето со својот син.
Џејмс тоа го направи во НБА кога Брони стапна на подот покрај него. Роналдо би сакал да остане на теренот доволно долго за да чека да му се придружи Кристијано Џуниор (14). Тој моментално е во фудбалската школа Ал Наср, клубот за кој Роналдо дава голови.
Ова го откри Рене Меуленстин, тренер кој дел од кариерата мина во Манчестер Јунајтед, а неговата последна работа беше помошник тренер на селекцијата на Австралија.
„Сто проценти го сака. Можеби тоа е неговата мотивација да работи. Реков одамна, нема да си замине како свеќа што полека гори, но има момент со сите кога ќе се случи нешто што ќе ве приближи до крајот, сакале или не, но тој е фит, се грижи за себе и би се обложил дека би сакал да си игра со својот син“, рече Меуленстин.
Роналдо постигна гол за најголемите европски клубови и собори голем број рекорди во фудбалот. Тој е најдобриот стрелец во историјата (910 гола во 1.247 натпревари според Transfermarkt).