Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе остане во Ал Наср и во наредната сезона, пренесува познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Претходните денови многу се шпекулираше за враќање на славниот Португалец во тим во Европа, но се чини дека нема ништо од тоа.
🟡🔵🇵🇹 Al Nassr CEO Guido Fienga confirms that Cristiano Ronaldo will stay at the club also next season.
No doubts, no change of plan for the Portuguese star. pic.twitter.com/fxbHTs0pzX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 1, 2024
По болниот пораз во финалето на Купот на кралот, тоа го потврди и извршниот директор на Ал Наср – Гвидо Фиенга.
– Извршниот директор на Ал Наср, Гвидо Фиенга потврди дека Кристијано Роналдо и следната сезона ќе остане во клубот. Нема сомнеж, нема промена на планот за португалската ѕвезда – напиша Романо на социјалната мрежа „Х“.
Роналдо не успеа да освои трофеј во Саудиска Арабија оваа сезона бидејќи Ал Хилал со српските фудбалери Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја освои двојната круна.