Роналдо: Ќе можам да играм и на 40 години

by fokus

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави оти ќе биде подготвен да игра фудбал на највисоко ниво и кога ќе навлезе во петтата деценија од животот.

– Среќен сум, сакам да продолжам да играм и да бидам дел од фудбалот. Ако можам да играм кога ќе имам 40 години, ќе можам и на 41, 42 … Но, најважно е да уживам во сегашниот момент, изјави 36-годишниот Роналдо за ЕСПН Бразил.

Напаѓачот на португалската репрезентација и на премиерлигашот Манчестер јунајтед рече дека „долговечноста“ е фасцинантна работа, која почнал да ја проучува во последно време.

– Од физички аспект гледано, нема да речам дека се чувствувам како да имам 25, сепак, да не претеруваме. Но се чувствува како да имам 30 години. Водам сметка за своето тело и својот дух, порача португалската фудбалска ѕвезда.

Поврзани новости