Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо конечно го откри значењето на неговото „Сиууу“, со кое прославува кога постигнува голови, откако виде дека тоа стана глобален феномен.
Се верува дека тој е првиот што извикал „Сиу“ по освојувањето на „Златната топка“ во 2014 година.
Роналдо сега откри што мисли за неговиот начин да се радува на постигнатите голови и што всушност значи тоа.
„Изгледа дека прерасна во еден вид глобален феномен и ми се допаѓа кога гледам други играчи како го прават тоа, или луѓе ми испраќаат видеа од други луѓе или деца од други спортови како го прават тоа и тоа е одлично. Тоа значи „да“ на португалски , многу е едноставно, но има моќно значење“, изјави Роналдо за LiveScore.
Таков случај се случи по преселбата на Роналдо во Ал-Наср, кога едно момче притрча кон него и извика „Сиууу“.