Ромео за прв пат ја покажа втората сопруга на промоцијата на Калиопи во Белград

by fokus

Денеска во Аудио култура во Скопје ќе се одржи промоција на дуетот и видео записот на Калиопи и Жељко Самарџиќ, насловен ,,Знам”. Песната е комплетно авторско дело на Ромео Грил, а од тимот на Калиопи појаснуваат дека по прес конференцијата и промоцијата на песната, таа и Самарџиќ ќе даваат изјави и интервјуа.

Промоција на дуетот веќе се одржа во соседна Србија пред неколку дена, и тамошните медиуми објавија видео снимки од настанот, како и интервјуа со Калиопи.

Видеото кое го објави 24седам.рс го привлече вниманието на регионалната јавност, бидејќи освен што раскажува за соработката и пријателството со Самарџиќ, Калиопи зборува и за соработникот и поранешен сопруг Ромео Грил, и открива дека е блиска со неговата втора сопруга, која исто така беше помеѓу присутните на настанот.

Пошироката јавност за првпат имаше можност да ја види избраничката на Грил, која позираше пред тамошните фоторепортери. Приближно на иста возраст со Ромео, со кратка руса боб фризура, таа беше видно расположена за време на промоцијата.

-Ние сме реализирани луѓе, имаме минато, имаме сегашност, верувам дека ќе имаме и иднина, бидејќи во тоа е целта и суштината. Сопругата на Ромео е моја најблиска пријателка – изјави Калиопи за 24седам.рс.

Раскажа за загубата на нејзиниот татко, за емоциите во новата песна, која ја опиша као љубовна, но и животна песна.
Во земјава периодов е актуелна со балетската претстава ,,Госпоѓиците од Авињон” за која ја напиша музиката, а пак лани по подолга пауза одржа концерт во Велес.

ФОТО: Филип Кранчиќ, нова.рс

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости